| четврток, 6 декември 2018 |

Сампaоли: Да заминам во Барселона? На тоа немам одговор бидејќи не постои такво нешто

sampaoli

Според информациите од Шпанија, Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја е еден од посериозните кандидати за тренерското место на Барселона. Сепак, тој не сака да слушне за заминување од Андалузија, каде планира да остане до крајот на договорот во 2018 година.

– Да заминам во Барселона? На тоа прашање немам одговор, бидејќи не постои такво нешто. Не знам што се зборува во медиумите, но во овој дел од сезоната е безсмислено да се разговара на таа тема. Поврзан сум со проектот во Севилја до смрт“ , рече Сампаоли.

Севилја е големото изненадување во Примера оваа сезона, се наоѓа на третата позиција со само два бода заостанување зад лидерот на табелата Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top