Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска ќе има состанок во Мала Речица. На состанокот ќе се оценуваат пораките кои лидерот Али Ахмети ги добил вчера на средбата со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.
Ахмети синоќа на средбата истакна дека институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка и дека ќе останат посветени на наоѓање решение.
– Владеењето на правото, владеењето на законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот договор, добрите меѓуетнички и добрососедски односи, како и интеграцијата во НАТО и во ЕУ се нашите приоритети – нагласи Ахмети.
Централното претседателство на ДУИ денеска ќе дискутира и за средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Ќе се дискутира и за идните чекори што треба да се преземат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името