| четврток, 6 декември 2018 |

„Херитиџ“: Џес Бејли им кумува на преговорите меѓу СДСМ и Албанците

Весникот „Дејли сигнал“, на фондацијата „Херитиџ“, која моментно е највилјателната и најголема фондација во Вашингтон, блиска до претседателот Доналд Трамп и до владејачката Републиканска партија, направи детална анализа за Македонија. 

zaev

Фондацијата „Херитиџ“ е главното место од каде што се регрутираат кадрите што ги пополнуваат местата во новата администрација од Белата куќа и Стејт департментот до Пентагон и другите министерства.

Во економијата на светската политика, Џорџ Сорос има милијарди и тие се трошат дури до подалечни места како Република Македонија, пишува реномираниот „Дејли сигнал“.

Всушност, малата балканска држава станува симбол на битката што се случува во Европа меѓу конзервативните партии што ги поддржуваат традиционалните вредности и националниот суверенитет и тие што се често финансирани од страна на либералнита милијардери со амбициозна агенда, која вклучува либерална дрога и сексуално ориентациска политика, како и транс-национализам.

Работите во равенката уште покомпликувани ги прават рутинските стратегиски пречки на Кремљ. Огромната пропагандна мрежа на рускиот претседател Владимир Путин често се наметнува во овие спорови, со, наводно, преземање на традиционалистите и оди во војна со неговиот остар ривал, Џорџ Сорос.

Во некои места, како што е самата Македонија, постои една променлива: Вградената ера на Обама.

Амбасадорот во Скопје, Џес Бејли, назначен од Обама се најде под конгресна лупа поради обвиненијата дека тој покажа политичка пристрасност против македонската конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ и дека тој ги олеснува коалициските преговори меѓу главната левичарска партија и партиите на етничките Албанци.

Во писмото испратено до Бејли на 17 јануари, републикански членови на Претставничкиот дом и на Сенатот, исто така, побараа од него да се објаснат извештаите дека неговата амбасада ги избра Соросовите фондации Отворено општество,  како главен носител на Агенцијата на САД за меѓународен развој на проекти во Македонија.

Стејт департментот на 6 февруари даде одговор, што имав можност да го прочитам, беше слаб, детален, во врска со финансиските средства за Соросовите фондации и групи што ги контролира.

Грантовите за нив се доделени со примена на „процес за конкурентни набавки“, се вели во писмото. Помошта, се додава, е „засилување на владеењето на правото, зголемување на економскиот пораст, поддршка на регионалната безбедност“, и за извршување други нејасни цели.

Но, всушност, на 27 февруари објавата на УСАИД за договорот за 2,54 милиони долари со Фондацијата откри дека проектот се плаќа за обука на „граѓански активизам“, „мобилизација“ и „граѓански ангажман“.

Далеку од засилување на владеењето на правото и на регионалната безбедност, овие активности се поврзани со редефинирањето на граѓанството како во стилот на 60-тите години со прогресивни политички активизам. Сите тие  стратегии се директно од субверзионалниот прирачник на Саул Алински, „Правила за радикалите“, чијшто превод на македонски јазик, патем, е финансиран од Фондацијата на Сорос во 2014 година.

soros

Еден од најбогатите луѓе во светот, Сорос, има долга историја на политичко интервенирање  низ целиот свет за исполнување на неговиот сон за отворени граници, глобално владеење и ерозијата на регионалниот партикуларизам, тоа што тој го нарекува „отворено општество“.

Бидејќи писмото на Стејт департментот беше „нејасно и не успеа да одговори на прашањата што се поставени“, шесте републикански членови на Претставничкиот дом, плус новиот републиканец, Трент Франкс, републиканецот Ариз минатата недела побара од контролорот – генералниот секретар на канцеларија за одговорност на Владата, спроведување на истрага и ревизија на Стејт департментот и УСАИД во врска со Македонија и Фондацијата на Сорос.

Правниот чувар Џудишал Воч, од своја страна, поднесе барање по „Актот за слобода на информации“ до Стејт департментот и УСАИД да достават документи што се поврзани со какви било грантови, договори, комуникации, проценки итн, направени од страна на одделот на Фондацијата Отворено општество – Македонија и неговите подружници.

Тоа што доаѓа од овие напори е дека политичките партии што беа помогнати од Американскиот амбасадор при преговорите – левичаската СДСМ и трите етнички Албански партии, ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците во неделата постигнаа договор за формирање влада.

Но, македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во средата одби да го даде мандатот на Социјалдемократскиот сојуз за формирање влада бидејќи нејзиниот лидер, Зоран Заев, се согласи со барањато на албанските партии, албанскиот јазик да стане официјален јазик во Македонија.

Партиите, договорот го склучија во Тирана, Република Албанија и е една од причините зошто Иванов го задржа мандатот.

Албанија е уште една земја каде што активностите на Сорос и неговата фондација се, исто така, под лупа, за поддршка на владата на премиерот Еди Рама, социјалист што лично посредуваше во правењето на „Тиранската платформа“. И во Албанија, исто така, има амбасадор од ерата на Обама, Доналд Лу, кој ги поддржува партиите што се веќе поддржани од Сорос.

Рама, кој е толку близок со Сорос што тој бил гостин на неговата свадба во 2013 година, минатата недела издаде страсна молба за САД да не се откаже од Балканот со Русија, чиешто влијание, изјави тој за Телеграф е посилно од кога и да е. „Русија“, додаде тој, „е заинтересирана за ширење на своето влијание, кое е големо во регионот“.

Кремљ на Путин, рутински и опортунистички се обидува да маневрира во политиката на Европа. Високи извори на Вајтхол велат дека ковел заговор за атентат врз премиерот на Црна Гора во минатата година.

Во Македонија, исто така, се обидува да се прикаже како да се на страната на конзервативната ВМРО-ДПМНЕ, што доведува до тоа сегашната влада да освои најмногу гласови на изборите што се одржаа на 11 декември. Дури и една статија што ја напишав минатиот месец беше цитирана од руски „Спутник“.

Ројтерс објави дека во четвртокот на 2 март, Русија ги обвинува Албанија, НАТО и Европската унија за обид да наметнат проалбанската влада за Македонија.

Сепак, далеку од поддржувач на Путиновата политика, ВМРО-ДПМНЕ одамна е цврсто проамериканска партија, насочена кон НАТО.

Но, озлогласената поддршка на американските амбасади за Сорос и неговата прогресивна политика ги иритира традиционалните луѓе во Македонија и пошироко.

-Некои од моите конзервативни пријатели во Македонија сега ми кажуваат „Ја мразам Америка“, ми кажа Џејсон Мико, американски бизнисмен, кој ја посетува оваа балканска држава повеќе од две децении. „Тие не ја мразат Америка. Тие го мразат тоа што го има направено администрацијата на Обама“.

-Ако Сорос сака да троши своите пари, треба да му се дозволи, но кога тој ќе почне да користи пари од даночните обврзници тоа е нешто друго – вели Мико, кој е почесен конзул на Република Македонија во Аризона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top