| четврток, 6 декември 2018 |

За Заедничка Македонија:Могерини да објави дека Македонија веднаш ги почнува преговорите за членство во ЕУ

или

-Доста ни е од Европското „Имате перспектива“ во идно несвршено време. Бараме од Могерини да објави дека Македонија веднаш ги почнува преговорите за членство во Европската Унија, бидејќи нашите граѓани се европјани – порача на денешниот протест еден од основачите на граѓанската иницијатива ЗА  ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Богдан Илиевски.

Тој во говорот посочи дека Македонија има право да биде рамноправен дел од Обединета Европа, бидејќи како што вели, Македонија е европска цивилизација, лулка на писменоста и бидејќи македонската младина сака и пее Европска музика.

Илиевски ги поздрави барањата на ЕУ и НАТО и целата меѓународна заедница за владеење на правото во Република Македонија и побара владеење на правото од сите и кон сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top