| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто постелнината треба да се пере често?

За да се избегнат дел од причините за здравствените проблеми, постелнината треба да се пере еднаш неделно на препорачана температура, тврдат експертите.

Според нив, креветот може да биде многу нечист и да му наштети и на телото.

Како што наведува „Сан“, постелата е плодно тло за размножување на бактериите, особено поради влагата што се создава и поради сѐ што се случува во креветот. Покрај ова, просечна личност за неколку денови губи околу десет грама кожа, од која поголемиот дел го „остава“ во креветот.

– Во текот на сонот се потиме, а нашата кожа испушта маснотии и нечистотија. На чаршафите можат да се пронајдат траги од плунка, урина, генитални течности и фекална материи – истакнува Акерли.

– Ако постелата не се пере редовно, а лицето кое спие на неа има гребнатини или рани на кожата, тие можат да се инфицираат. Габичките на стапалата можат да се пренесат на други делови на телото преку чаршафите. Нередовното менување и на навлаките на перниците доведува нечистотијата да се абсорбира во душеците и перниците, што е многу потешко да се исчисти – додадва таа.

Препорака на Акерли е редовно бришење на правта, наутро отворање прозорец и проветрување на постелата, а пред сѐ таа да се пере еднаш неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top