Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во центарот на Крива Паланка.
Според податоците од МВР, рано изутрина околу 3 часот и 30 минути на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа во која учестувувало патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки сопственост нa Б.А од Крива Паланка.
Со возилото управувал Х.А. кој движејќи се по улицата „Св.Јоаким Осоговски“ во насока од т.н. Соларски мост кон Центар за култура, загубил контрола, излетал од улицата и удрил во ѕид од сендвичарницата „Фауст“, информираат од МВР.
Со телесни повреди се здобиле возачот Х.А и неговите сопатници М.Ѓ. и Б.Г. од Крива Паланка.
По овластување од јавен обвинител увид извршила екипа на полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, а како што истакнаа од Минситерството за внатрешни работи се работи на утврдување на причините за несреќата.
Повредените по интервенција на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствениот дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил