Капитенот на Металург, Филип Кузмановски е избран за најдобар среден бек во „најдобрите 7“ за февруари во регионалната СЕХА-лига. Иако не беше „прв пик“ на Червар на стартот на сезоната, 21-годишниот македонски бек во дуелите со Загреб и со Горење успеа со својата игра како лидер во тимот и доби место во одбраниот состав во СЕХА-лигата.
Покрај Кузмановски, во најдобриот состав за февруари се најде и левото крило на Вардар, Тимур Дибиров. Со осум погодоци, Дибиров беше најзаслужен за триумфот против Горење со кој Вардар го осигури пласманот на Ф4 турнирот во СЕХА, а беше лидер во нападот на „црвено-црните“ и во продолжението на победничката серија против Нексе.
„Најдобри 7“ за февруари во СЕХА:
Голман: Урбан Лесјак (Целје)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Десно крило: Блаж Јанц (Целје)
Пикер: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Лев бек: Иман Џамали (Мешков Брест)
Среден бек: Филип Кузмановски (Металург)
Десен бек: Давид Миклавчич (ППД Загреб)
Тренер: Бранко Тамше (Целје)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.