| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот претседател го бојкотира самитот во Охрид – не било покането Косово

Претседателот на Албанија Бујар Нишани ќе го бојкотира Охридскиот самит што ќе се одржи викендов во знак на солидарност со Косово кое не е покането да учествува, јавуваат албанските медиуми.

Од кабинетот на албанскиот претседател соопштиле дека бојкотот следувал поради одлуката на Македонија на самитот да не ја покани претседателката на Косово Атифете Јахјага.

„Јахјага не е поканета за учество на овој настан, а тоа е спротивно на духот на соработката и дијалогот во регионот, кој ја олеснува заедничката определба за интеграција во Европа. Оставањето на Косово надвор од самитот е направено под притисок на Србија, што е во директна спротивност со договорот потпишан меѓу Србија и Косово во Брисел , се вели во реакцијата на албанскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top