Градоначалникот на Солун изрази разочарување затоа што авиокомпанијата „Катар eрвејс“ решила да го избере Скопје, а на Солун, за директни летови од Доха и до Доха.
– Ова се непријатни пораки. Ми се заврти во главата кога слушнав. Од сите делови на светот тие го избраа Скопје? Тоа е многу тажна вест – рекол Jанис Бутарис на вчерашната седница на градскиот совет на Солун.
Според него, емирот на Катар, кој е сопственик на авиокомпанијата, „е иритиран од однесувањерто на грчката Влада“ во врска со замрзнувањето на неговите инвестиции на островот Закинтос.
Авиокомпанијата „Катар ервејс“ минатиот месец официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје-Доха-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.