| четврток, 6 декември 2018 |

Барса добива нов спонзор, договорот со „Катар ервејс“ истекува во 2017 година

Фудбалскиот гигант Барселона, во наредните денови треба да го обелодени новиот главен спонзор, кој ќе го замени сегашниот „Катар ервејс“. Сепак според информации катарската компанија ќе заземе друго место на дресот и нема целосно да биде исфрлена од него.

katar-ervejs

Моментниот договор меѓу Барселона и авиокомпанијата од Катар завршува во 2017 година. Според каталонски медиум „Спорт“, кој е близок до Барселона, новиот спонзор треба да се бара во имињата на јапонскиот „Ракутен“, американскиот „Амазон“ и кинески интернет-гигант.

Од раководството на Барселона од новиот спонзорски договор очекуваат приход од најмалку 75 милиони евра, но од клубот сè уште не го откриваат името на новиот партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top