Вчеравечер околу 22.20 часот, во слаткарница на ул. „Владимир Комаров“ во Скопје, без повод и причина, Ф.Ц.(19) и А.М.(20) физички биле нападнати од страна на пет-шест непознати машки лица, кои биле гости во слаткарницата.
Ф.Ц. и А.М. биле пренесени во болницата „Ремедика“, каде од страна на лекар кај Ф.Ц. се констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.