| четврток, 6 декември 2018 |

Поекономичните детергенти доаѓаат и на македонскиот пазар

Покрај значителната заштеда врзана за животната околина, запознавањето на македонскиот пазар со иновативните компакт детергенти ќе донесе корист и за македонските потрошувачи, преку лесниот начин на користење и подобрување на навиките при перењето.

Kozmodet_pres konferencija_Foto 2

Асоцијацијата на произведувачи и увозници на детергенти и козметика во Србија – Kозмодет отпочна нова регионална иницијатива со цел промоција на одржливиот развој под наслов Проект за ефикасноста на ресурсите на производите за прашкасти детергенти во земјите од Западниот Балкан. Целта на оваа иницијатива е ефикасна употреба на ресурсите и запознавање со иновативните компакт детергенти за домашна употреба, како чекор напред кон одржливиот развој и подигнување на свеста на македонските потрошувачи за одржлива потрошувачка.

Иновативната технологија овозможува перење на иста количина алишта со помалку од 100 грама компакт детергент, во споредба со стандардната доза детергенти (125-150 грама). Компакт детергентите се направени од истиот материјал како и стандардните, но нивната иновативна формула овозможува различна концентрација на активни состојки, во помали дози.  Се очекува дека компакт формулата ќе ја намали потрошувачката на детергенти за најмалку 33 проценти (во тежина) и најмалку 25 проценти (во волумен).

logo

„Позитивното влијание на околината се очекува поради употребата на помали количества хемикалии и во исто време помали пакувања. Сакаме да ги охрабриме потрошувачите да го усвојат концептот на одржлива потрошувачка, бидејќи на овој начин, со користење помали дози компакт детергенти, потрошувачите можат да остварат заштеда на енергијата и на потрошувачката на вода, додека испраните алишта остануваат подеднакво чисти како да е користен стандарден детергент“, рече Камелија Сур, од здружението Козмодет на конференцијата за медиуми која го следи почетокот на кампањата. „Компаниите кои го почитуваат овој проект ја потврдуваат својата приврзаност, поддршка и постојано подобрување на одржливоста на нивните производни брендови и сакаат да делуваат како веродостоен и транспарентен партнер во формирањето на идното економично и регулаторно опкружување во конкурентни и иновативни услови“, додаде Камелија Сур.

Имајќи го на ум фактот дека сите европски земји веќе го воведоа „Проектот за ефикасноста на ресурсите на производите за прашкасти детергенти“, со воведувањето на оваа иницијатива Србија ќе ги прилагоди своите стандарди со барањата на европскиот пазар, додека индустријата за детергенти ќе преземе активна улога на полето на заштита на животната средина.

„Употребата на иновативни технологии и активната заштита на животната средина е неопходен предуслов за постигнување чекор напред кон одржлив развој на економијата и општеството во целина. Соработката меѓу науката, индустријата и бизнис заедницата и дијалогот со сите други релевантни чинители треба да биде наш фокус во подготовките за членство во ЕУ, изјави Владо Каровски, раководител на одделението за стандарди во Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Оваа иницијатива е веќе воведена во европските земји, а во моментот се одвива во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top