Патувачката изложба „Континуум“ на мултимедијалниот уметник од Сан Франциско со македонско потекло, Игор Јосифов, пристигнува и пред битолската публика.
На 4 март, сабота, во уметничката галерија „Магаза“ со почеток во 19.30 часот ќе биде отворен мултимедијалниот проект наречен „Континуум“.
Како музичка поддршка за време на изложбата во Битола ќе биде задолжен диџејот Никола Илиевски, кој настапува под уметничкото име Роботникс (Robotnix).
Изложбата ќе биде отворена до 11 март.
„Континуум“ претставува уметничка збирка од дестгодишната работа на Јосифов и содржи арт-филмови, дела изработени со рефлексија од оган и жив настап, односно перформанс. Оганот е неговиот најдобар пријател, но и оружје со кое ги разоружува емоциите и создава уметност.
Премиерното претставување на овој уникатен уметнички производ беше на 16 декември 2016 година во Младинскиот културен центар во Скопје. „Континуум“ доби патувачки карактер вклучувајќи неколку градови во Македонија (Скопје, Тетово, Кичево и Битола), и е ретка и уникатна можност да се видат уметничките дела на нашата територија.
Во април 2017 година ќе отпатува за Чикаго и ќе биде изложена во „Defibrillator Performance Art Gallery“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.