Овој продавач не се шегува. Младиот бизнисмен Иван Реља од Хрватска ја продава својата куќа, како што вели, бидејќи се сели во странство за да продолжи да го развива својот бизнис. Имотот кој го нуди се наоѓа во населбата Дубрава кај Шибеник, а во пакет со неа на подарок дава автомобил, но сепак, во огласот не е наведено за каков точно модел се работи.
Неговиот оглас брзо се почал да се шири на социјалните мрежи во земјата бидејќи во најмала рака е необичен.
– Се селам од Хрватска, а автомобилот и куќата ми се вишок. Куќата е одлична, има подрум, приземје и спрат и целата е изградена од Y-tong блокови бидејќи водев сметка за изолацијата. Вкупната нејзина површине е 255 метри квадратни, а позиционирана е така што во текот на целиот ден е на сонце. Во подрумот има 3 простории, а на приземјето има кујна, трпезарија, соба за дневен престој, тоалет, работна соба\соба за забава.
– На спратот пак има 4 спални соби и тоалет, а скалите се внатрешни. Ја изградив 2007 година, а во моментов околку неа се прави ограда од камен комбинирана со жива ограда, детско игралиште и некои други стиници, го оппишал продавачот својот имот.
– Ако некој ми најде купец, на подарок ќе му дадам глисер, додал тој.
Целиот оглас може да го погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.