Шест сообраќајни несреќи се случиле во текот на изминатите 24 часа во Скопје. Во четири од нив шест лица се здобиле со полесни телесни повреди, а во две е констатирана материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои се исклучени од сообраќај поради управување возило под дејство на алкохол, а еден возач не отстапил првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Санкционирани се и 20 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и пет возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 52 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.