Злосторничкиот НАТО пакт и остатоците од администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама на сила го туркаат лидерот на СДСМ Зоран Заев со екстремните Албанци да ја преземе власта во Македонија, бидејќи тие сакаат во оваа држава да предизвикаат крвопролевање и граѓанска војна, но и отворен судир со Србите и со Србија – изјави во интервју за српски „Информер“ Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србија во Македонија.
Тој тврди дека Зоран Заев го плаќаат лобисти од Запад, невладини организации кои се под контрола на Сорос и на Рокфелер, но и албански моќници чија крајна цел е создавање на „Голема Албанија“.
– Меѓународната заедница, превенствено делот на администрацијат на Обама и НАТО се обидува на сите начини да ги внесе екстремните Албанци на власт. Тие, всушност сакаат граѓанска војна и крвопролевање, сакаат конфликти на цел Балкан, а Македонија да ја втурнат во отворен судир со Србија. Ако не е така, тогаш зошто НАТО безобразно се меша во изборите во Македонија и демократски избраниот претседател Ѓорге Иванов и му наредува кој треба да ја формира владата? Тоа досега е невидено во светот. Никогаш не се случило НАТО отворено да командува кој ќе владее со некоја држава дури ни тогаш кога таа држава не е членка на тој пакт – вели Стоилковиќ.
Информер: Изнесувате тешки обвинувања и тврдења. Имате конкретен доказ?
– Кога правите политичка ситуација во која сите, освен Албанците се незадовлни, тогаш се е јасно како ден. НАТО и западните моќници отворено бараат проалбанска власт, а ако таа се реализира, тогаш ќе имем усташко-хрватски модел во Македонија. Ним целта им е рушење на стабилна Србија, што секако не е цел на граѓаните на Македонија, ниту пак им е во интерес. Македонците, обичниот народ, го сакаат братскиот српски народ. Она што сега се случува е интерес од страна и прв чекор кон распарчување на Македонија – вели Стоилковиќ.
Информер: Настаните во Македонија не се осамени. На Србите им се „окомиле“ од сите страни…
– Се разбира. Овде се работи за една коорниррана сатанизација на Србија и на Србите. Во македонското Собрание сакаат да усвојат резолција за Србите како геноциден народ, а во исто време во Хрватска, Косово и БиХ се активираат тужбите за геноцид. Ништо не е случајно. Системски се отвора фронт по фронт и се оди кон една цел, а тоа е да се понижи Србија и српскиот народ. Никако да се запре со таа малоумна плитика, а ние сакаме мир и економски раст, а не судири – вели Стоилковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Информер: Преку рекетарот Родиќ Заев си обезбеди „објективни и слободни медиуми“ – „Слободен печат“ да го амортизира шокот од продажбата на Македонија
-
Насловна на српски Информер: Војна? Америка на Заев и на Албанците на сила им ја дава Македонија
-
Информер: Македонија на работ на граѓанска војна
-
Српски медиуми: „Ужас! Македонија ќе стане Албанија: Републиката има проблеми“