Постојат работи на кои трошиме многу време, а една од нив е и пишувањето и занимавањето со мејловите. Еве неколку совети како да го намалите времето кое го трошите на мејловите.
Не оставајте ги мејловите во својот инбокс – Најнепродуктивната работа која можете да ја направите со своите пристигнати мејлови е да ги прочитате и да не направите ништо. Немојте да ги оставате своите мејлови во инбокс, а со нив ништо да не направите.
Веднаш реагирајте – Доколку сте одлучиле да потрошите време на мејловите, преземете веднаш акција. Еднаш прочитајте и одлучете веднаш дали ќе одговорите, ќе ја сочувате пораката или ќе ја избришете. Доколку за тоа немате време, на тој мејл не му е местото во вашиот инбокс.
Држете се до содржината – Сите пропратни линкови и визуелни пораки не треба да ве интересираат. Особено доколу сте на работа. Не им придавајте важност на рекламите, следејќи ги линковите и другите попречувачи на вниманието кои ќе ве одвратат од мејлот и ќе направат да загубите време на интернет.
Не одговарајте на секој мејл – Немате обврска да одговорите на секој мејл. На што повеќе од нив одговорите, повеќе ќе ви се вратат. Немојте да трошите време на мејлови кои не ви требаат.
Бидете одлучни – Морате да поставите приоритети. Доколку го сакате своето време, направете избор. Немојте да му посветувате внимание на секој и сешто. Размислете дали добиениот мејл е во вашиот фокус и одлучно отстранете го ако не е.
Ставете мејлови на листата со обврски – Ако мејлот е во некоја врска со вас и ќе ви користи подоцна или со него подоцна треба да се позанимавате, ставете го на листата со обврски, со цел да не го занемарите во целост или да го избришете, а од друга страна да не трошите време на него во овој момент.
Запрете го пинг-понгот – Доколку вашата мејл преписка прејде неколку пораки, запрете ја. Можете да влезете во пинг-понг круг кој не се завршува. Бидете конкретни и прејдете на телефонски повик или закажете состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.