| четврток, 6 декември 2018 |

Интернационален фестивал на кусометражни филмови – Оберхаузен

Меѓународниот фестивал на кусометражни филмови во Оберхаузен се одржува веќе шест децении и е еден од најстарите фестивали во светот. Во просек се пријавуваат по 5000 филмови годишно, од кои по пат на селекција се прикажуваат по повеќе од 400 филмови во едно фестивалско издание. Патувачката верзија на фестивалот, оваа што имаме можност да ја погледнеме наредниве три дена во Кинотека на Македонија, вклучува избор од наградените филмови во 2016, избор од програмата на германски филмови, од меѓународната програма, како и избор од македонските филмови, коишто беа прикажани на Оберхаузен во 2016.

Своите први во Оберхаузен ги доживеале и прославените Милош Форман, Берт Ханстра, Роман Полански, Вим Вендерс, Франсоа Трифо, Вернер Херцог, Ален Ресно, Норман Мек Ларен, Линдзи Андерсон, Еја Лиса Атила, Даг Ајткен, Андреа Арнолд, Миранда Јули, Вера Читилова, Кенет Ангер, Јокен Кун, Мартин Скорсезе, Иштван Сабо, Агнес Варда, Адолгф Винкелман,  но и концептуалистите Шантал Акерман,  Бјорн Мелхус, Пипилоти Рист, па се до мистичниот и тегобен филмски свет на Лав Дијаз. Вим Вендерс, својата прва цигара ја запалил на овој фестивал.

Во една од програмите ќе биде прикажан и краткиот филм ДЕН ПРЕД КРАЈОТ на филипинскиот режисер Лав Дијаз, режисер што лани го доби Златниот лав за најдобар игран филм во Венеција.

Како дополнување на програмата ќе бидат прикажани и македонски филмови што учествувале на фестивалот во период од 1976 – 1982 година. Оваа селекција ќе биде прикажана на 6 март.

3 март (петок) 20:00 ч.

ОБЕРХАУЗЕН 2016 – ИЗБОР ОД ГЕРМАНСКАТА ПРОГРАМА

(German Competition)

ИНИЦИЈАЦИЈА

(Initiation)

Документарен филм, Германија / Јужна Африка

2016 г., 11 мин., колор, ДСП

Режија: Тебохо Едкинс (Teboho Edkins)

Високо во планините на Лесото, Мосаку со нетрпение го очекува својот постар брат кој треба да се врати од церемонијата на иницијација. Момчињата за таа цел мораат да поминат пет месеци на многу далечна локација. Низ какви ритуали и предизвици минуваат знаат само оние коишто го изоделе патот на иницијацијата.

ФИЛОЗОФИРАЊЕ

(Philosophize)

Документарен филм, Германија

2015 г., 15 мин., колор, ДСП

Режија: Паул Шпангеман (Paul Spangemann)

 Група 16 до 18-годишни млади пријатели минуваат еден викенд во викендичката на нечии родители.

 ПОЗНАТИ СПОМЕНИ

(Familiar Memories)

Документарен филм, Германија

2016 г., 4 мин., колор, ДСП

Режија: Паул Мерхан (Paul Merchan)

 Врз основа на една семејна филмска архива снимена со Супер-8 камера, а пронајдена на „бит-пазар“, направена е реконструкција на приказната зад камерата. Таткото е ставен во центарот на приказната, како некој самодоволен тиранин. Гласот во позадината ги реконтекстуализира сликите и го раскажува она што не е видливо на нив.

ТАА ЧИЈА КРВ СЕ ЗГРУТЧУВА ВО МОИТЕ ГАЌИ

(She Whose Blood is Clotting in My Underwear)

Документарен филм, Германија

2016 г., 3,30 мин., колор, ДСП

Режија: Вика Кирхенбауер (Vika Kirchenbauer)

Благодарение на модерната воена технологија и можноста на користење ноќни визири и инфрацрвени зраци, таа ги анализира интимноста и телото, и зборува за привилегираниот поглед на гледачот.

ВОЗЕЈЌИ ОНАМУ КАДЕ ШТО НЕКОГАШ СТОЕЈА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

(Driving Around Where the

Crescents Used To Be. A Script)

Документарен филм, Германија / Швајцарија

2015 г., 15 мин., колор, ДСП

Режија: Маријан Мејленд (Marian Mayland)

Краток, есеистички пастиш за историјата на населбата Хјум во Манчестер, Англија.

КОСМОРАМА

(Cosmorama)

Документарен филм, Германија / Турција

2015 г., 8 мин., колор, ДСП

Режија: Ерен Аксу (Eren Aksu)

Тие се маѓепсани од градскиот пејзаж, кој како да нема крај. Потонуваат во размислувања за распаѓањето на урбаното, а животот во оваа бетонска џунгла е нивната иднина.

КОНЦЕРТ ПО ЖЕЛБА

(Wunschkonzert)

Документарен филм, Германија

2016 г., 13 мин., колор, ДСП

Режија: Марлене Денингман (Marlene Denningmann)

Од најмалите гратчиња, па се до големата и распространета Интернет-мрежа: насекаде постои очекување дека ќе се исполни и ќе се добие посакуваното. Но, дали сме навистина слободни во своите желби? Филмот е студиско патување низ германската провинција и до сржта на општеството на глобализирани желби.

4 март (сабота) 20:00 ч.

ОБЕРХАУЗЕН 2016 – ИЗБОР ОД МЕЃУНАРОДНАТА ПРОГРАМА

(International Competition)

ДЕН ПРЕД КРАЈОТ

(Ang araw bago ang wakas /

The day before the end)

Документарен филм, Филипини

2015 г., 16,30 мин., колор, ДСП

Режија: Лав Дијаз (Lav Diaz)

Во 2050 година се претпоставува дека Филипини ќе ја доживее најсуровата бура во историјата. Додека ветерот и морето почнуваат да беснеат, некој ги убива поетите.

ЗЛОНАМЕРНИ ПЛАНИНИ

(Malevolent Mountains)

Документарен филм, Велика Британија

2015 г., 3,30 мин., колор, ДСП

Режија: Хелен Мајкл (Helene Michael)

Раскажување преку користење на насилство што е истовремено делува и заканувачки и ефективно. Прифаќајќи ја улогата на измамник, нараторот зазема позиција на крстопатот на различни дискурси.

ЕЛЕГАНЦИЈА

(Eleganssi / Elegance)

Документарен филм, Финска

2015 г., 25,30 мин., колор, ДСП

Режија: Вирпи Сутари (Virpi Suutari)

Филмот ги документира стилот и елеганцијата на ловењето еребици и фазани, следејќи една група фински ловци-благородници.

АКУЛА СОН

(Akula Dream)

Документарен филм, Велика Британија

2015 г., 26 мин., колор, ДСП

Режија: Џорџ Барбер (George Barber)

Филм на концептуалниот уметник Џорџ Барбер за советска подморница во Атлантскиот океан и нејзиниот капетан Павел. Негово истражување на можноста од појава на еден квази духовен и боготворечки настан, преку кој екипажот ќе западне во состојба на зголемена и проширена свест.

ПИЧЕ

(Cipka / Pussy)

Документарен филм, Полска

2015 г., 8,30 мин., колор, ДСП

Режија: Рената Гоншировска (Renata Gąsiorowska)

Една млада девојка вечерта е сама дома. Таа ќе реши да се самозадоволува, но работите не одат онака како што таа посакува.

6 март (понеделник) 20:00 ч.

5 март (недела) 20:00 ч.

ОБЕРХАУЗЕН 2016 – ИЗБОР ОД НАГРАДЕНИТЕ ФИЛМОВИ

(Award Winners)

 ТЕЛЕФОНСКА ЦЕНТРАЛА

(Telefon Santrali)

Документарен филм, Германија

2016 г., 7,3 мин., колор, ДСП

Режија: Сара Драт (Sarah Drath)

Во дадена ситуација во 2015 година, филмот ја раскажува приказната на индиректен начин – преку снимени разговори што се одвиваат на телефонска централа

ПО ЦЕЛ ДЕН

(All Day – Drunken Masters feat.

Tropkillaz)

Документарен филм, Германија

2015 г., 4 мин., колор, ДСП

Режија: Андреас Хофштетер (Andreas Hofstetter)

Има една добра девојка. Но тука е и Интернетот. Звучи чудно, но ова би можело да биде вистинито.

489 ГОДИНИ

(489 Years)

Документарен филм, Франција

2016 г., 11,30 мин., колор, ДСП

Режија: Хајун Квон (Hayoun Kwon)

Филмот ни овозможува пристап во демилитаризираната зона и нè внесува директно во личните спомени на еден војник кој ни раскажува за едно свое просветлувачко искуство.

ИЗМИЕНИ РАЦЕ

(Washed Hands)

Документарен филм, Бразил

2015 г., 8,30 мин., колор, ДСП

Режија: Луиз Боткај (Louise Botkay)

Во таканаречениот постколонијален период, сиромашните држави и понатаму се под големо влијание на истите земји од кои некогаш биле колонизирани. Истата меѓународна корпорација која што им „помага“ на најсиромашните држави, остава чувство на бескрајна зависност од неа.

ДЕН ПРЕД КРАЈОТ

(Ang araw bago ang wakas)

Документарен филм, Филипини

2015 г., 16,30 мин., колор, ДСП

Режија: Лав Дијаз (Lav Diaz)

ТАА ЧИЈА КРВ СЕ ЗГРУТЧУВА ВО МОИТЕ ГАЌИ

(She Whose Blood is Clotting in My Underwear)

Документарен филм, Германија

2016 г., 3,30 мин., колор, ДСП

Режија: Вика Кирхенбауер (Vika Kirchenbauer)

ВЕНЕРИЈА / ВЕНУСИЈА

(Venusia)

Документарен филм, Швајцарија

2015 г., 34 мин., колор, ДСП

Режија: Луиз Карин (Louise Carrin)

Лиза, доста авторитативна сопственичка на една луксузна јавна куќа, има само една пријателка. Тоа е Лена, проститутка, која е исто толку непредвидлива колку што е и мрзелива. Двете жени се дружат во интимноста на собата за пушење, каде што нивниот однос се менува од нежност до суровост и обратно.

6 март (понеделник) 20:00 ч.

РЕТРОСПЕКТИВА НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ

ПРИКАЖАНИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ОБЕРХАУЗЕН

СТОП

Анимиран филм, Македонија

1976 г., 7 мин., колор, 35 мм

Режија: Дарко Марковиќ

Филмот е посветен на VI светска галерија на карикатури – Скопје ’74. Неколку стотици карикатуристи од целиот свет со своите сатирични пораки укажуваат каде треба да застане човекот за да оди напред човештвото. Во филмот се користени карикатури од автори, учесници на VI светска галерија на карикатури.

OТПОР

Анимиран филм, Македонија

1978 г., 7 мин., колор, 35 мм

Режија: Боро Пејчиновиќ

Филмот е работен со анимација на домашен алат (чекан, клешти, шајки). Едната од шајките никако не влегува во дрвото, не може да се закова. Тоа асоцира на достоинството, издржливоста, непоколебливоста. Човек секогаш мора до крај да стои на (зад) своите принципи и определби. Волјата на човекот е нескршлива.

ДАЕ

Документарен филм, Македонија

1979 г., 16 мин., колор, 35 мм

Режија:  Столе Попов

Еден исечок од животот на Ромите-номади, посветен на празнувањето на Ѓурѓовден. Во филмот, користејќи особена ширина и сила во изразот, оваа тема се обработува во контрастите во современата урбанизација. Филмот изобилува со многустрана иконографија како извор на инкарнација на романтичното и без огради разбирање на животот.

ПОСЛЕДНИОТ ПРОЗОРЕЦ

Анимиран филм, Македонија

1979 г., 10 мин., колор, 35 мм

Режија: Дарко Марковиќ

Доколку внимателно и трпеливо не се пријде на секој проблем, неуспехот во неговото разрешување е неизбежен. Погледот низ прозорецот кој не нуди ништо, доколку не се причека е уште една приказна за човек кој нема трпение детаљно и смирено да го проучи проблемот за којшто постоело вистинско решение. Бидејќи по избрзаниот чекор, се разбира погрешен, тој истиот прозорец нуди една поинаква глетка. Филмот ја добива Наградата на градот Оберхаузен

РАКА

Анимиран филм, Македонија

1980 г., 11 мин., колор, 35 мм

Режија: Дарко Марковиќ

Содржина: Преку дланката метафорично е претставена судбинската животна енергија, која низ животот го води човекот. Со згаснувањето на животот на раката, престанува и човековото битисување. За да не дојде до тоа, потребни се извонредна храброст, самостојност и животен полет.

ОГНЕНА БРИГАДА

Документарен филм, Македонија

1982 г., 11 мин., колор, 35 мм

Режија:  Кочо Недков

Во фабриката за производство на стаклена амбалажа производствениот процес е прекинат со хаварија на високата печка. Во борба со огнената стихија, човекот излегува како победник и производството продолжува нормално.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top