Поради огромниот интерес за доаѓањето на Ричард Клајдерман во Скопје, чиј концерт, кој ќе се одржи на 01-ви Април 2017, е скоро распродаден, организаторите, Прагма Продукција, се одлучија и за втор концерт, кој Ричард Клајдерман ќе го одржи на 02-ри Април 2017 во Македонската Опера и Балет.
Концертот на овој светски пијанист е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Билетите за вториот концерт ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Пола Југотон и билетарата на Македонска Опера и Балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.