| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарски компании ќе инвестираат во Охрид

Делегација од унгарски компании, членови на Стопанската комора на Унгарија, денеска беа во посета на Охрид.

Делегацијата оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска.

_DSC0001

– Задоволство ми е да ви посакам добредојде и да изразам надеж дека после оваа посета ќе се интензивира економската соработка помеѓу Општина Охрид и унгарските компании заинтересирани да инвестираат тука. Како градоначалник на Охрид заложба и приоритет во моето работење е брзиот развој на градот, зашто токму инвестициите ќе придонесат за побрз развој и унапредување на градот  –  истакна градоначалникот Бакрачески.

_DSC0006

Како што изјавија претставниците на унгарската Стопанска комора, целта на ваквата посета е да се запознаат со поволностите за инвестирање во општината како и потенцијалите за развој на бизнисот кои ги нуди општина Охрид и  да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top