Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан застана во одбрана на својата екипа, по обвинувањата дека победата над Виљареал во минатото кол (3-2) се случила поради судиските одлуки.
– Без разлика што зборуваат, јас сум уверен дека постигнатото досега е од нашата игра на теренот, а не поради судиските одлуки. Се гордеам со моите фудбалери, бидејќи секогаш ги почитуваат арбитрите, а Реал Мадрид е секогаш професионален клуб. Ако треба да зборуваме, тоа го правиме со нашите игри на теренот – изјави Французинот.
Следен предизвик за лидерот на Примера е Лас Палмас, а одлична вест за фановите на „кралевите“ е целосното заздравување на Герет Бејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Еве како да го привлечете се она што го посакувате во животот
-
Која e тајната на успехот на милијардерот Бил Гејтс
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера