| четврток, 6 декември 2018 |

Дождливо, но топло

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, но пообилни ќе бидат во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат околу 16 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, а во западните делови на земјава и силен југоисточен ветер, во вечерните и ноќните часови ќе го промени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од два до осум степени, а дневната  од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.

Утринската температура до пет степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во четврток врнежите ќе престанат, а температурата на воздухот ќе опадне за два до четири степени. Од петок попладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен и температурата на воздухот повторно ќе се покачува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top