| четврток, 6 декември 2018 |

Внуката на Мисирков порача: Заедно да го сочуваме она за што предците пролеваа крв

Се е во наша рака за нашата држава да остане унитарна, да остане наша, да живееме тука и понатаму слободно, истакна на денешниот протестен марш Елена Мисиркова од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ повикувајќи ги сите граѓани да појдат повторно по маршутата за да го спречат разнебитувањето на Македонија.

Да направиме сè што е во наша моќ, истакна таа пред огромниот број присутни граѓани, додавајќи дека е горда сум што може да ги поздрави и заедно со нив да го сочува она што нашите предци со пролеана крв и по мачен пат го стекнале.

-Постулатите од нашиот проглас се упатени до секој граѓанин, секој е добредојден тука, посочи Мисиркова.

Кон граѓанската иницијатива денес освен жителите на Скопје, се придружија уште четири града. Протестен марш за зачувување на унитарноста на Македонија се одржува и во Прилеп, Кичево, Штип и Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top