Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе денеска ги израдува навивачите со мистериозна слика и уште помистериозен коментар за неа, објавена на фан страната фејсбук при што главната порака е дека се враќа во Македонија со возило кое треба да биде основа за неговиот настап во ЕТСС за 2017 година.
– Се враќаме со нешто интересно – порача Иџе сликан покрај автомобилот товарен на неговото комбе.
Иако претходно изјави дека финансиската конструкција за 2017 година не е затворена, Стефановски следејќи го примерот и на многу други автомобилисти кои подоцна стекнаа светска слава како Најџел Менсел и Ники Лауда, неофицијално изјави дека е подготвен да земе и кредит за да набави нов автомобил за трки, откако државата го помогна со 40.000 евра на почетокот од оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.