
Ливерпул одигра уште еден разочарувачки натпревар против тим од долниот дел од табелата, со што „црвените“ уште повеќе си ги намалија шансите за место во Топ 4 екипи и учество во ЛШ следната сезона. Јирген Клоп не го криеше разочарувањето од новата бледа партија на своите избраници против Лестер, потсетувајќи ги дека играат за својата иднина, а доколку не одговорат на задачите лесно може да се случи во текот на летото да си заминат од „Енфилд“.
– Работата станува сериозна. Не може да се игра вака, играме за нашата иднина, вклучувајќи ја тука и мојата. Имаме квалитет, можеме да играме одличен фудбал, го докажавме тоа, но проблем ни е што не го покажуваме на секој натпревар. Нема сомнение дека мораме многу подобро, јас чувствувам најголема одговорност, нема никаков изговор, ние сме Ливерпул и вакви игри се недозволиви. Првиот гол го примивме почетнички, како да беше пријателски натпревар, слабо почнавме, а исто така и завршивме – изјави Јирген Клоп.
Се погласни се и критиките кон германскиот стратег, особено поради изборот на дефанзивците откако Лукас Леива одигра катастрофално со Лестер, по новата преселба од средниот ред во последната одбранбена линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


