Ви предлагаме неколку идеи како и со што да ја комбинирате пролетната и зимската облека и да бидете во тренд.
Облекување во слоеви
Облекување во слоеви мора да биде на прво место – исто како и во есен. Овој начин на облекување е најдобра одбрана од промената на температурата. Во овој начин на облекување сѐ е дозволено, а единствено ограничување е вашата фантазија. Комбинирајте потенки блузи, маици и фустани со топли јакни, шалови, палта.
Пролетни мотиви
Зимата е време во годината кога носиме темни бои, потешки материјали, а и модата е посуптилна и смирена во согласност со ова годишно време. Напролет сѐ оживува, па така и модата е поинаква. Тоа најдобро се забележува на дезените на материјалите што најчесто се со интензивни, силни бои. Оваа сезона слободно може да си играте со линии, точки, цвеќе и со апстрактни линии.
Интензивни и светли бои
Бојата значи многу во искажување на сопствениот моден израз. Оваа пролет не плашете се да ги комбинирате светлите и интензивни бои. Ако не сакате да ризикувате, одберете комбинација во иста боја, или во комбинација со црно или бело. Ако, пак, сакате да привлечете повеќе внимание, обидете се со комбинации кобалтно сина и црвена, розова и портокалова или виолетова и зелена. Како и секоја пролет, многу се популарни и пастелните нијанси и бела боја.
Лесно и лелеаво
Модата во овој период е иста како и природата, сѐ станува живо, лесно, лелеаво. Во овој преоден период обидете се слоевито да комбинирате лелеави паричња облека – широки, тенки туники и блузи, долги здолништа или фустани. Со нив лесно може да се постигне интересен изглед со кој во исто време ќе се чувствувате удобно и пријатно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.