Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа иако немаше настап изминатава недела, успеа да направи скок од едно место и сега се наоѓа на 191 место на ВТА листата.
Ѓорческа има 284 поени и таа нема да има настап и оваа недела поради повреда. Во конкуренција на двојки нашата тенисерка се наоѓа на 138 место со 539 поени.
Од македонските тенисерки пласман има и Магдалена Стоилковска, која се наоѓа на 1.234 место во сингл и 1.181 место во конкуренција на двојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.