| четврток, 6 декември 2018 |

Луверпул ослабен ќе настапи на гостувањето кај Лестер

liverpul

Ливерпул ќе биде значително ослабен за вечерашното гостување против Лестер откако Јирген Клоп остана без помошта на Џордан Хендерсон. Англискиот репрезентативец заработил незгодна повреда на петочниот тренинг, лекарските третмани во последните два дена не вродија со плод, па Хендерсон не отпатува со остатокот на тимот за гостувањето против шампионот.

– Хендерсон нема да игра денеска, а неизвесно е дали ќе може да настапи и на следниот натпревар против Арсенал на 4 март – потврдија од лекарскиот тим на „црвените“.

Хендерсон досега настапи на 24 од 25-те средби на Ливерпул во Премиер-лигата, пропуштајќи го единствено гостувањето против Сандерленд на кое избраниците на Јирген Клоп одиграа само 2-2 со аутсајдерот. Отсуството на Хендерсон ќе значи нова шанса за Емре Џан, кој ќе биде стартер на денешната средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top