| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка на улица „Македонија“

Вчеравечер во 20 часот во полициската станица во Центар, Т.У. (24) од Урошевац, Косово, пријавил дека истиот ден околу 17 часот на ул. „Македонија“, додека се движел заедно со неговите пријатели Р.У., Ф.У., А.М. и Р.У., физички биле нападнати од поголема група на млади лица по што истите побегнале во непознат правец.

Пријавителот, поради нанесените повреди, се упатил во болница во Скопје каде му била укажана лекарска помош.

Во врска со настанот во 17.00 часот во ПС Центар биле приведени лицата С.Н. (19), А.З. (19), Н.М.(19) и двајца малолетници на 15 и 16-годишна возраст, сите од Скопје. По извршениот разговор, во 19.30 часот малолетниците се ослободени, додека другите лица се задржани за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top