Радмила, од која јахта го пишуваше твојот статус на „Фејсбук“ , прашува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Мицевски ѝ се обраќа на Шекеринска на „Фејсбук“ прашувајќи ја: „Дали уште мислите дека ќе ги возите граѓаните на филмот што го вртевте во 90–тите“.
– Народот веќе не е со кратка меморија. Народот многу убаво се сеќава на твоите и изјавите на твојот лидер, аболицираниот криминалец Зоран Заев и за виткањето на кичмата и за тоа како не ви прилега политика на патриотизам, но и како ти ветуваше дека ќе го решиш името за 6 месеци – пишува Мицевски.
– Радмила ако ти е за пари кажи. Пренеси му и на твојот лидер отворена е понудата за подршка од ВМРО-ДПМНЕ за подршка на малцинска Влада само државата не ја продавајте! Го знаеме вашиот начин на владеење, ќе си обезбедите и со јахти и со десетици станови за ској од врхушката и пари, сето тоа некако ќе се надмине, но никогаш нема да може да се надмине ако ја продадете државата, тоа се прави еднаш засекогаш. Помислете малце за државата, помислете за нашите деца, за вашите деца, помислете за предците и јунаците што се бореле за оваа држава. Македонија и Македонецот никогаш нема да ви простат, а ако е за јахти и станови, ако треба и ќе отвориме повик за донации, само државата оставете ја – напиша Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Шекеринска и денес се гости во елитен ресторан на државна сметка (ФОТО)
-
Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година
-
Шекеринска доделила 650.000 на невладините на министрите Шапуриќ и Ахмедовски