Турција веќе изградила 290 километри од ѕидот вдолж границата со Сирија кој е планирано да виде долг 511 километри, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на раководителот за изградбата на проектот Ергун Туран.
Ѕидот што е висок три метри ќе се протега вдолж јужните и југоисточните турски покраини Хатај, Килис, Санлиурфа, Мардин, Сирнак и Газиантеп.
– Граничниот ѕид е монтажен, па неговите делови ќе можат да се пренесуваат на други локации – истакна Туран додавајќи дека ѕидот ќе биде зајакнат со бодликава жица и контролни кули.
Медиумите наведуваат дека причината за изградбата на ѕидот е да се спречат шверцерите и другите лица преку нелегален пат да ја преминуваат границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.