По Затуроска и Јовановски, и пратеникот Драган Данев преку социјалните мрежи испрати порака до заменик претседедателот на СДМС Радмила Шекеринска, да се откажат од Платформата на албанските партии и да ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Радмила, многу е гнасно кога човек те гледа тебе како пишуваш и се лигавиш. Ако некој е познат за виткање на кичмата на државата тоа си ти и твојот лидер криминалецот од Муртино – Зоран Заев. Радмила, паметиме што и направивте на Струга и на Кичево со територијалната распределба само за да добиете претседател на државата. Штетата уште ја чувствуваме. Сега гледаме дека сте подготвени на се само за да добиете мандат за Влада, иако загубивте на избори. Штетата што ќе ја направите доколку ја изгласате двојазичноста во Македонија никогаш нема да може да се санира. Токму затоа ќе ја подржиме вашата жед за власт и за пари, ќе гласаме се, освен законите кои ќе ја нарушат унитарноста на Македонија. Само откажете се од платформата од Тирана. Ставете ја барем еднаш државата на прво место, за сопствените деца утре да не ве колнат, пишува Данев на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Шекеринска и денес се гости во елитен ресторан на државна сметка (ФОТО)
-
Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година
-
Шекеринска доделила 650.000 на невладините на министрите Шапуриќ и Ахмедовски