По поразот од Валенсија во средата, Реал Мадрид повторно се најде во незавидна ситуација откако вечерва по еден час игра губеше со 2-0 на гостувањето кај Вилјареал. Сепак „Кралевите“ направија неверојатен камбек, постигнаа три гола и свртеа мечот во своја полза за конечни 2-3.
По мирниот прв дел никој не очекуваше бура во второто полувреме, но токму тоа се случи на Ел Мадригал. Со головите на Тригерос и Бакамбу, Вилјареал поведе со 2-0, во тие моменти се чинеше дека Реал Мадрид е пред уште еден пораз.
Но, „Кралевите“ одговорија кога најмногу требаше. Најпрво Бејл во 64. минута намали на 2-1, а десет минути подоцна Кристијано Роналдо од пенал изедначи на 2-2. Во 83. минута нововлезениот Алваро Мората реализираше за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 2-3.
Три бода со кои остануваат на чело на табелата во Примера, позиција која денеска за момент ја презеде Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)