| четврток, 6 декември 2018 |

На Герис му се помили 10 потписи од ДУИ од Mакедонците

Социјалдемократскиот сојуз ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада, ако е толкава желбата на Зоран Заев да владее, само ако не ја прифати селабанската платформа за обезличување и разнебитување на државата и македонскиот народ, понуди вечерва Никола Груевски.
-Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата. Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го свати како јавна понуда- напиша Груевски во отворената понуда до Заев преку социјалните мрежи.
geriss
Јасно е дека огромен број од македонскиот народ е против политиката на Заев за прифаќање на платформата со која партиите на етничките Албанци ја условија поддршката за тој да го добие мандатот за формирање на влада.
Но, истовремено, воопшто не изненадува ставот на дел на поддржувачите и пропагаторите на ваквите политики кои задираат во националните и државните интереси, кои што во понудата на ВМРО-ДПМНЕ гледаат „трик“.
Веднаш по понудата, преку Плусинфо, медиумот на Героски, се појави наслов „Нов трик на Груевски: Ќе поддржиме влада на СДСМ, ама без двојазичност“, каде уредникот и сопственик својот став го задскрива зад „Познавачите на приликите“, и каде наведува дека се работи за наводно „подметнување на кукавичко јајце во редовите на СДСМ, за да ги минира преговорите со ДУИ“.
geroski-ajde-da-zboruvame-za-federalizacija-640x396
И до сега Герис се истакнуваше по ставови кои ги поткрепуваа ваквите тези, па сега не е изненадувачки што за него помили се десетте потписи на пратеници од ДУи, наместо 51 македонски глас и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Герис и натаму како мегафон на Заев и на големоалбанските идеи не го поставува прашањето како борбата „за слобода и демократија“ се претвори во усогласување на постизборни платформи за обезличување на народот? Всушност, токму преку Герис и се започна кампањата за прифатливост на концептот за федерализација на Македонија како „концепт со изворна енергија кој требало да се спроведе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top