Унитарноста на државата е загрозена, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола груевски во вестите на Сител.
-Предупредив во кампањата дека следува сценарио во неколку чекори. Многумина ми веруваа и не поддржаа, други не мислејќи дека е политичка кампања за намалување на политичките противници, но многумина од нив сега мислат различно, бидејќи следат, сценариото се остварува, рече Груевски.
Груевски упати порака, дека ако народот мисли дека со седење дома и гледање телевизија, некој друг ќе им ја одбрани државата, се лажат.
Сценаристот, додаде Груевски, проценил дека дел од политичката елита има мотивираност и спремност за одбрана на државата, но дека мнозинството нема мотивираност и нема да се спротистави на оваа операција. Такви беа информациите до пред некој ден, открива Груевски, кој додаде дека верува во народот дека ќе дејствува и дека нема да дозволи тоа сценарио да се оствари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски