| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче (8) преживеало сообраќајка, но неколку минути потоа било изрешетано до смрт

девојце

Осумгодишно девојче од Хјустон преживеа сообраќајна несреќа, а само неколку минути подоцна била застрелана од возило кое го удрило возилото во кое таа се наоѓало.

Демари Еткинс се наоѓала на задното седиште од автомобилот кој го управувала нејзината мајка Тоја Томас кога две возила се судрила со нив.

По сударот, женско лице од едниот автомобил извадила пиштол и почнала да пука.

-Погледнав и помислив дека сака да ми помогне. Го извади пиштолот и почна да пука. Секој куршум го погоди задниот дел од автомобилот во кој се наоѓаше моето девојче,изјави мајката Тоја чија ќерка настрада.

девојце2

Тојиа во првите моменти не сфатила дека нејзината ќерка е погодена.

-Ја изнесов од автомобилот и помислив дека спие. Ја ставив на земја и тогаш ја погледнав нејзината јакна и ја видов крвавата флека. Имаше прострелна рана на левата страна, додаде неутешната мајка.

Девојчето е префрлено во локалната болница каде починало.

Полицијата не знае поради што жената, која се наоѓа во бегство, пукала, но додаде дека мајката и ќерката не биле нејзина мета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top