Според информациите од Министерството за внатрешни работи, ноќеска, еден час по полноќ, на улицата „Вамбел“ во скопската населба Автокоманда непознато лице активирало бомба.
Во експлозијата нема повредени, но оштетени се два автомобили, „голф“ на 30-годишниот скопјанец Н.М. и „рено меган“ на 37-годишниот И.Ц. од Охрид.
Од полицијата велат дека, најверојтно, се работи за рачна бомба, но истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.