| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли почнува со амбициозни проекти: Ја најавува улогата на Катерина Велика

Иако Анџелина Џоли периодов во јавноста е повеќе актуелна поради случувањата во нејзиниот приватен живот, отколку со професионалните ангажмани, сепак се најавуваат неколку навистина амбициозни проекти во кои таа има носечка улога.

Еден од таквите е и филмската адаптација на книгата „Catherine the Great’s Imperial Partner” во која Џоли ќе ја игра руската императорка Катерина Велика.

Покрај овој проект, Hollywood Reporter пренесува и дека холивудската убавица е во преговори за снимање на продолжението на дизниевиот филм „Maleficient” и за главната ролја во шпионската драма сместена во периодот на Втората Светска војна „The Spy Who Loved”.

После подолг период откако Џоли е повлечена од филмската сцена, овие нови проекти ветуваат нејзино враќање на голема врата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top