Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови од земјава (15 л/мк2). Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец кој во текот на денот ќе го смени правецот во северен.
Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје слично време, облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 8 степени.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневната температура на воздухот повторно ќе биде во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.