„Како ВМРО-ДПМНЕ, ние стоиме цврсто зад она што е бранење на националните интереси. Никој нема да ни ја поткусурува Македонија, сосе сите етнички заедници внатре“, изјави во Отвореното студио на Телевизија Нова Валентина Божиновска – претседател на комисија за односи со верски заедници.
Божиновска вели дека нема да дозволат никој да ги руши националните интереси.
„Исправени ќе бидеме, ќе работиме на сѐ она што значи од денес наваму чување на интересите и особено што имаме сериозен проблем внатре во членството на партијата. Оти оваа криза е две години. Пазете, вие не можете огромен број на членство да го смирувате и да речете до кога ќе трае“, вели Божиновска.
„Се работи за плати, за пензии, државата е во грч, економијата седи, не можете да ги довтасате реформите, не знаете што се случува со буџетот. Прашање на време е кога оптималните ресурси и на буџетот и на директните инвеститори кои дојдоа, а можеби ќе заминат заради состојбата, и ние ќе чекаме Заев да ни го реши официјалниот јазик? Ве молам“, рече Божиновска.
Во вечерашното Отворено студио на ТВ Нова на тема „Договори, преговори, има ли крај?“ дебатираа проф. Виолета Ачковска, Валентина Божиновска – претседател на комисија за односи со верски заедници, проф. Беса Арифи и политичкиот аналитичар Сотир Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Валентина Божиновска: Укинувањето на титулата национален уметник е врв на понижувањето на сопствените културни дострели
-
Божиновска: Повикуваме на разум, обединување и на мир
-
Божиновска: Заев не може да продолжи да уценува!
-
Божиновска: Верниците од муслиманска и од христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата