Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска преку соопштение ги повика верниците од муслиманска и од христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата.
- Тие добро знаат дека ниту орелот, ниту крстот можат да ги направат победници или поразени. Тие историски живееле во верска толеранција и соживот и самите меѓусебно знаеле да споделат заеднички моменти во добро и во зло. Ниту некогаш христијаните се собирале да протестираат против изградба на џамија, ниту, пак, им пречела молитвата на имамот – истакнува Божиновска и прашува тие што вчера ги газеа осветените темели за крстот победници ли беа?
Време е, наведува Божиновска, кога и муслиманите и христијаните треба да се вратат на корените на своите прадедовци, зашто токму тие беа урнек како се живееше во Република Македонија. Според неа, време е пред сѐ за човечко обединување.
- Онака како што можеме самите одвнатре да си помогнеме, тоа никој однадвор нема да го направи за нас. Ве повикувам да го следиме примерот на поранешниот муфтија и сегашниот градоначалник Ружди Љата и игуменот Партениј, обата го чуваат верскиот соживот во дебарскореканскиот крај, на Македонците, на Албанците и на Македонците со исламска вероисповед. Само на тој начин ќе го кренеме заедничкиот бајрак на победа на верската толеранција и соживот во Република Македонија. Апелирам во овие мигови проблемот да се разреши и институционално – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Валентина Божиновска: Укинувањето на титулата национален уметник е врв на понижувањето на сопствените културни дострели
-
Нов терористички напад во Лондон: Со комбе влетал во група верници кои излегувале од џамија (Фото)
-
Верници од новата генерација (ФОТО)
-
Божиновска: Никој нема да ни ја поткусурува Македонија