| четврток, 6 декември 2018 |

„Лекип“ ја открива месечната плата на Кире Лазаров во Нант

Македонскиот капитен Кире Лазаров во наредните две сезони ќе настапува за францускиот Нант. Тиражниот француски весник „Лекип“, преселбата на најдобриот стрелец на последното СП во Франција, од Барселона во Нант, ја рангира на првото место во Топ 5 трансферите во Франција за претстојната сеозна. Зад трансферот на Лазаров во Нант на второто место е доаѓањето на норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен од Алборг во ПСЖ, а по него следуваат трансферот на младиот француски репрезентативец Мелвин Ричардсон од Шамбери во Монпелје, Ксавиер Барашет од ПСЖ во Ст. Рафаел и Чема Родригез од Веспрем во Саран.

Францускиот весник открива и дека месечната плата на македонскиот бек во Нант ќе биде 15.000 евра.

– Не отстапивме од нашиот основен принцип, така да се каже, нема некоја огромна разлика во платите на нашите играчи. За Кирил Лазаров имаше одредени специфични работи. Во секој случај, неговиот основен мотив не се парите, туку освојувањето трофеи – изјави за „Лекип“ претседателот на Нант, Гаел Пелетие.

Кире Лазаров во преселбата во Нант гледа нов предизвик и ново искуство во француското првенство.

– Гледав неколку натпревари на Нант, ми се допаѓа нивниот систем на игра. Одат на победа против секого, без разлика на имиња и ликови на другата страна. Слушнав и дека Нант ја има и најдобрата публика во шампионатот. Тоа е нешто што многу ми се допаѓа – истакнува Кире Лазаров за „Лекип“.

lazarov

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top