| четврток, 6 декември 2018 |

Руски психолог ги советува родителите: Првиот наставник не треба да биде строг, туку добар и љубезен

Михаил Лабковски, популарниот руски психолог, им препорачува на родителите како да го одберат училиштето за своето дете, дали треба да разговараат со наставниците и во кој момент детето навистина треба да го остават на мира. Доколку не сакате училиштето да му претставува траума на вашето дете, овие 12 совети ќе ви бидат од голема помош.

1. Децата пред училишна возраст не треба да се оптеретуваат. До 6-7 години мозокот на детето физиолошки не е подготвен да прима голем обем на информации. Вие ќе ги изгубите парите, а детето – детството.

2. Немојте ниту за своето прваче да барате некое „јако училиште”. Во пониските одделенија за детето е најважно да постигне психолошка удобност во своето училиште. Затоа одберете некое нормално училиште кое ви е блиску до дома. Детето нема да троши време и енергија да стигне до училиште и да се врати и полесно ќе му биде да изгради однос со соучениците ако тие му живеат во соседството – со тоа што со нив ќе оди и ќе се враќа на училиште.

3. Првиот наставник не треба да биде строг туку добар и љубезен. На него му е потребен соодветен учител кој ги сака децата и работи во училиште бидејќи ја сака таа работа. Затоа пред да го запишете посетете неколку различни основни училишта и распрашајте се кај родителите на четвртоодделенци колку се задоволни од нивните наставници.

4. Училиштето е одговорност на вашето дете, а не ваша. Може да му помагате првите две недели на почетокот во прво одделение, но потоа договорете се со детето: „Доколку мене твоето училиште не ме вознемирува – јас нема да те вознемирувам тебе.”

5. Престанете да го прашувате што учеле на секој час и да реагирате претерано на неговите оценки. Темата училиште нека остане табу. Доколку детето сака да разговара со вас за училиште, разговарајте – но ако не сака, стварно нема потреба со клешти да му ги влечете зборовите од уста.

6. Не би требале да му ја пишувате домашната, ниту да му го подготвувате ранцеот, ниту вие да водите сметка дали заборавило нешто. Мислете си само на себе – тоа дете треба вас да ве пази во староста. Ако вие правите се што треба на него да му текне, во иднина ќе има проблем да се снајде без вас.

7. Секако дека можете да му помогнете – но детето само треба да ве праша: “Мамо, не го разбирам ова?” А не малку по малку – цело време да го прашувате дали е се во ред. Доколку детето не ве прашува ништо – значи се е во ред.

8. Ако на наставникот вашето дете баш и не му е омилено, проблемот мора да се реши. Обидете се најпрво да разговарате со наставникот, а потоа со директорот – ако нема корист, префрлете го во друго одделение или друго училиште. Во никој случај детето не смеете да го оставите подолго време во таква стресна состојба. Тоа му го обликува карактерот.

9. Пубертетот е најтешкиот период во животот на вашето дете. Започнува помеѓу 13-14 и трае до 17 години. Ова е време на сложени ментални и физички промени. Токму во овој период децата ги полагаат примените испити. Детето може да почне помалку да учи па од одличен ученик да започне да добива тројки. околку не сакате конфликти и потешки проблеми – вклучувајќи и мисли за самоубиство – оставете го детето во мир. Вашата задача е овој период да помине колку што може посмирено и што побрзо кошмарот да заврши.

10. Не смеете да дојдете во отворен конфликт со училиштето на вашето дете – најверојатно ќе ја изгубите битката. Доколку ве повикаат да зборувате за друго, подобро училиште, посложена програма или да ви наговестат дека треба да поработите со детето – не се спротиставувајте. Продолжите да правите по свое.

11. Не е неопходно специјално да се обидувате да ги развивате талентите на детето доколку тоа не сака. Талентот треба да му предизвикува радост, а не да го експлоатира. Не треба да се потите, да барате педагози за ви дадат одговор на прашањето “ама што му е?” – најчесто ништо не му е, едноставно ќе си дојде само по себе.

12. Најважно е вие да научите да го прифатите вашето дете без да очекувате ништо од него. Не е важно како учи, сакајте го такво какво што е и што и да прави. Да, кога ќе има 15 ќе ви биде многу потешко отколку кога имало 5 но детето не треба во вас да предизвикува некое чувство на одбивност бидејќи не ве слуша во намерите да се однесува како вие што сакате. За да биде така, ќе треба прво да почувствува колку го сакате и цените и дека му мислите добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top