| четврток, 6 декември 2018 |

Додека се шетало со вујко му, исчезнало – се трага по двегодишно девојче

poli

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче од кичевското село Кленоец трае веќе 12 часа и сè уште нема никаква трага од него. Од охридската полиција велат дека девојчето исчезнало вчера додека се движело пеш со вујко му кон селото Извор. Портпаролот на СВР­ Охрид, Стефан Димовски, информира дека потрагата по девојчето трае од вчера од 21 часот, а во неа се вклучени полицајци и месното население. Се пребарува теренот од селото Извор до селото Кленоец. Родителите пријавиле дека нивното дете е исчезнато вчеравечер во 20:50 часот.

Портпаролот на СВР ­Охрид вели дека, според пријавата, девојчето исчезнало вчера попладне додека се шетало со својот вујко.

-­ Според пријавата, девојчето, заедно со нејзината малолетна сестра и вујко им, вчера тргнале пешки, по локалниот пат кон Извор. Кај местото викано Јарболот, вујкото забележал дека девојчето го нема. Тој неколку часа ја барал и потоа отишол во куќата на девојчето да провери да не случајно тоа се вратило дома. Потоа родителите пријавиле дека нивната ќерка под неразјаснети околности исчезнала – изјави Димовски.

Потрагата по детето е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top