Контурите за коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ се наѕираат. Јавно го поставувам прашањето:
Дали пратениците на СДСМ ќе дозволат да бидат послушни партиски војници кога нивното раководство преговара со ДУИ за нешта за кои не смее да има преговори?
Дали ќе дозволат првите закони што ќе бидат на дневен ред да се подготвени во Мала Речица, и се неподложни на никаква дебата или промена?
Дали ќе дозволат да им го киднапираат парламентот и слободниот пратенички мандат?, прашува професорката Билјана Ванковска преку својот профил на „Фејсбук“.
– Доволно е еден или двајца да кажат НЕ на ваква етничка уцена! Ќе разговараме, ќе се договараме, ама транспарентно, низ јавна и експертска дебата, ама не сакаме да ни сервираат готови „јадења“ без консултација со целото партиско членство и јавноста – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Блокиран профилот на Билјана Ванковска на „Фејсбук“
-
Ванковска: Почнаа со укинување на РМ, со пиетет и со солзи да го издржиме денот!
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?