Магнезиумот е неопходен за правилно функционирање на нашиот организам. Го зајакнува имунолошкиот систем, ни помага да се справиме со стресот и го регулира варењето на храната.
Без магнезиум, нашето тело не може користи витамин К, калиум и други хранливи материи.
Околу 60 отсто магнезиум се наоѓа во нашите коски, остатокот во меките ткива, а само еден процент од овој минерал се наоѓа во крвта.
Недостатокот на магнезиум е честа појава. Се проценува дека осум од десет луѓе внесуваат недоволно магнезиум за да ги задоволат потребите на организмот. Како да знаете дали сте во оваа група?
Дневните потреби од магнезиум кај возрасен маж, изнесуваат околу 400, а кај жена околу 310 милиграми. Затоа осигурајте се дали вашата исхрана е богата со магнезиум.
На вашата трпеза редовно треба да се најдат ореви, интегрални житарки, бадеми, грав и листест зеленчук.
На сликата можете детално да видите во 100 грама различна храна колку милиграми магнезиум има.
Симптомите на недостаток на магнезиум се следните:
Анксиозност и депресија
Секогаш би требало да се чувствуваме добро, не само физички, туку и ментално. Ако ни недостасува магнезиум, тоа ќе се одрази и на нашата ментална состојба. Магнезиумот помага за одржување на нивото на калциумот и глутаматот во нашиот мозок. Доколку сте под стрес, или ве мачи анксиозност, недостатокот на магнезиум ќе доведе до неповратно пропаѓање на клетките во вашиот мозок.
Коронарна артериска болест
Една од најопасните последици од недостаток на магнезиум е коронарната артериска болест. Ниското ниво на магнезиум доведува до оваа состојба и предизвикува конорарни проблеми, вклучувајќи ги и болестите на срце. Инфарктите се почести помеѓу лицата кои патат од хроничен недостаток на магнезиум.
Грчеви во мускулите
Грчевите се случуваат кога одреден мускул ќе се стегне неконтролирано, а таа појава е честа поради недостаток на магнезиум. Што помалку магнезиум добива телото, повеќе му е потребен кислород на мускулното ткиво за било каква физичка активност. Доколку недостатокот на магнезиум постане хроничен, една од последиците е намалување на перформансите на мускулите.
Проблеми со коските
Здравјето на коските зависи од калциумут, но покрај овој минерал, од клучна важност за правилно формирање на коскено ткиво е и магнезиумот. За да се стимулира апсорбирањето на калциум кој го внесуваме со исхраната, на нашето тело му треба витамин д, а витаминот може да биде активиран и да ја врши својата функција, само ако има доволно магнезиум на располагање.
Недостаток на останатите минерали
Нашето тело не може да функционира ако во него нема микронутриенти. Ние минералите и витамините ги внесуваме со правилна исхрана, но важно е да се знае дека магнезиумот помага на другите елементи кои дејствуваат договорно.
извор: Е-наука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обрнете внимание на време: Ова се знаци кои ве предупредуваат дека ви фали магнезиум
-
Побрзајте: Овој рецепт го бришат од интернет, а го прочистува организмот, особено црниот дроб
-
Што му се случува во организмот на ваков студ?
-
Грешка која сите ја правиме: Погледнете што му се случува на вашиот организам кога пиете кафе на празен стомак