| четврток, 6 декември 2018 |

Правел скара на балкон, со изгореници тешки по живот заврши на Ургентен

Вчера околу 19.30 часотна ул.„Илинденска“ во Гостивар, на балконот од станот сопственост на В.И. (49), од непознати причини настанал пожар од скарата што била поврзана со боца на гас, по што пожарот се проширил.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош, по што за кратко време пожарот бил локализиран.

В.И. со Брза помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што му се констатирани изгореници од трет и од четврт степен по целото тело. Поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top