Даниел Кајмакоски стана татко. Македoнскиот пејач веднаш ја сподели среќната вест со своите обожаватели и на „Фејсбук“ го покажа синчето Давид.
– Oтсекогаш сакав да бидам млад татко! Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денеска ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски! Радоста не може да се опише со збор – напиша Кајмакоски.
Триесет и тригодишниот пејач и неговата избраничка Кристина Димитриевска (20) се заедно повеќе од една година. Поради приновата тие ги забрзале и плановите за одење пред матичар за да ја официјализираат својата врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.