Двете лути ривалки Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Крлеуша своите солистички концерти ќе ги одржат во ист месец на исто место – на Ушќе. Иако ги делат само десет дена од спектакуларниот настап, како што и двете ги најавуваат своите концерти, концертите ќе им бидат исто како што се и тие две – сосема различни.
Карлеуша ќе настапи на 15 јуни и ова е нејзин прв солистички концерт на Ушќе. Со месеци најавува дека таму ќе ја дочекаат повеќе луѓе отколку на концертот на „Стоунси“. Планира да пее три часа, концертот се состои од пет дела, светлото и звукот го работат луѓе кои работат во продукцијата нас „Евросонг“, а сѐ ќе биде пренесивано на ЛЕД екрани со површина од 800 квадратни метри.
Цеца ќе настапи на Ушќе на 28 јуни, седум години откако на претходниот концерт на истото место пееше пред 100.000 луѓе. Таа немала концерт во Белград речиси две години бидејќи, главно, настапуваше во странство, а овојпат ќе промовира нови песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.