| четврток, 6 декември 2018 |

Температурите и до 20 степени

 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје слично време, сончево со појава на слаба магла во утринските часови.  Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

И во петок времето ќе биде стабилно и суво. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Температурата значително ќе опадне, особено во недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top